Celebrity

Ниланши Пател е светски рекордер: Нејзината должина на коса изнесува цели 2 метри!

Осумнаесетгодишната, Ниланши Пател, е светски рекордер во должина на косата – нејзината коса е долга два метра.

Оваа индиска тинејџерка за прв пат го сруши рекордот меѓу тинејџерите во 2018 година и оттогаш таа го направи истото уште двапати.

Косата на Ниланши Пател неодамна беше повторно измерена, неколку дена пред нејзиниот 18-ти роденден, нејзината коса била долга два метри. Во 2018 година косата и била долга 1,71 метар.

Тинејџерката изјави дека не ја крати косата откако лошо се ишишала во својата шеста година.

“Тогаш навистина лошо се ишишав. Така, решив дека нема да се шишам повеќе. Го одлучив тоа кога имав 6 години и оттогаш не сум ја скратила косата”, вели таа.

Пател изјави дека се уште не одлучила дали ќе продолжи да ја расте косата за да задржи рекордна должина во категоријата возрасни.

Напиши коментар