Бендот „Silk City“ објави нова песна по паузата од 3 години. Групата составена од Дипло и Марк Ронсон овој пат ги здружи силите со поп-пејачката Ели Голдинг.
Тие на публиката и подарија нов сингл, наречен „New Love“, како и ново видео. Се чини дека Ели стана новата муза на познатото музичко дуо.
Видеото нè враќа во периодот на диско-манијата. Направено е од познатата уметничка, Ана Стинг. Идејата беше да се создаде совршена песна за играње, која би била омаж на ерата на дискотеките. Ова е прво достигнување на бендот од 2018 година. Велат дека во меѓувреме дошле до идеи за нов албум, напишале нови песни и снимиле некои од нив.
„New Love“ требаше да биде класична хаус-песна.
„Ели успеа да го направи нашиот проект совршен со својот глас“, вели Дипло.
„Ја сакам музиката што ја создавам заедно со Дипло. Различно е од се со што се занимавам. Исто така, јас ја познавам Ели повеќе од 10 години и сега конечно успеавме да соработуваме професионално. Тоа беше мојата голема желба“, изјави Ронсон.