Изгледа дека 2021 година не планира да биде многу подобра од минатата година.
Таа започна со тренд кој нема апсолутно никаква смисла, но кој сепак ги придоби луѓето. ТикТок сега се покажа како социјална мрежа која создава трендови, а последниот е поврзан со шминкање и истакнување на нешто што досега се обидувавме да го скриеме.
Со почетокот на новата година, заедницата на ентузијасти за шминкање на ТикТок прифати и започна да шири нов тренд, а тоа е цртање на очните капаци. Отпрвин имаше двоумење, но како одминуваше времето, трендот се рашири. Очните капаци се слаба точка за многумина и ние се трудиме максимално да ги сокриеме со коректори, пудри и други чуда. Но, сега, темните кругови стануваат ИН. Како и зошто на никого не му е јасно, но видеата во кои девојките цртаат темни кругови стануваат сè почести.
Нешто слично беше популарно во К- Make Up, во средината на 2010-тите, но не во оваа мера. Овој тренд е наречен ‘aegyo sal’ и се карактеризира со ставање на малку highlither под коректорот во подрачјето под очите при нанесување шминка, за да се нагласи тој дел од лицето кога личноста ќе се насмее. Тоа би требало да биде слатко и симпатично. Овој нов тренд тргна во таа насока, но многу е почуден и се повеќе се обидува да ги нагласи круговите под очите, додека корејскиот имаше за цел да нагласи некои делови од лицето за да изгледа подобро.