Познатиот модел, Џиџи Хадид (25), која роди девојче во септември минатата година, беше фотографирана како шета по улиците на Њујорк со пријателката и нејзината четиримесечна наследничка.
Една од најубавите манекенки долго ја криеше својата бременост, а кога таа и пејачот Зајн Малик (28) станаа родители, ја споделија радосната вест со сите.
За релаксирана прошетка, новата мајка се потруди добро да се маскира, за да не ја фотографираат новинари, па затоа таа носеше дебела јакна што ја штити од студот.
За дополнително да се скрие од љубопитните папараци и минувачи, таа носеше и очила за сонце. Сепак, не успеа да остане незабележана.
На нозете носеше удобни патики, додека на рацете имаше црни ракавици.
Одлучи малку да си поигра со косата, па направи две плетенки.
Инаку, Џиџи сè уште не го откри името на своето бебе, но открил дека се вратила на работа.