Celebrity

Објавена е првата фотографија од Кристен Стјуарт во улога на принцезата Дајана – Сличноста помеѓу нив две е неверојатна

Актерката Кристен Стјуарт, позната по улогата на Бела од „Самрак“, ја доби улогата на принцезата Дајана во филмот „Спенсер“.

Сега на социјалните мрежи ја објавија првата фотографија од актерката во улогата на Лејди Ди, а сличноста е навистина неверојатна.

Актерката позира во црвено палто, црна кошула и црн шешир со кратка мрежа. Таквата облека потсетува на облеката што Дајана ја носеше во 1986 година кога ја посети болницата Шефилд во Англија.

Обожователите на принцезата со нетрпение го очекуваат филмот, а на фотографијата на Кристен Стјуарт, се редеа само комплименти.

„Сигурно се шегувате, мислев дека ова е навистина принцезата Дајана“ – ја коментираа неверојатната сличност помеѓу актерката и Лејди Ди.

Снимањето започна пред неколку недели, а дејството се одвива во Велика Британија и Германија. Филмот се очекува да заврши до крајот на годината, но премиерно ќе биде прикажан на 25-годишнината од смртта на принцезата Дајана, следната година. Филмот го режира Пабло Лараин, а сценариото го напиша Стивен Книт.

Напиши коментар