Celebrity

Оливија Родриго го доживеа својот најголем успех: „Јас навистина не можам да верувам дека ова е реален живот!“

Првиот сингл „Driving Licence“ на Оливија Родриго дебитираше на топ 1 место на Billboard Hot листата.

„Број еден на Билборд. Јас навистина не можам да верувам дека ова е реален живот. Ви благодарам! “, напиша Оливија на Твитер.

Во првата недела, песната е стримувана 76,1 милиони само во Америка, а беше симната 38,000 пати, соборувајќи го рекордот – ова е најдобриот неделен резултат за првиот сингл од женски уметник, кој беше промовиран на радио, стриминг и други платформи.

Само пред една година, „All I Want“ на Оливија од средношколската мјузикл серија дебитираше на 90 место на Billboard Hot листата.

Ова не е единствениот рекорд што Оливија го сруши од објавувањето на синглот на 8 јануари. На денот на објавувањето, песната го сруши рекордот на Spotify за песна со најмногу преноси од првиот ден. Песната е преслушана над 15 милиони пати првиот ден, а следниот ден го сруши тој рекорд и беше слушана 17 милиони пати.

Напиши коментар