Celebrity

Оливија Родриго ја објави својата прва песна: „Возбудена сум што конечно ќе ја слушнете“

Оливија Родриго заплива во музичките води со синглот Drivers Licence, објавена на 8 јануари.

17-годишната актерка и пејачка објави и писмо упатено до обожавателите, во кое опишува како настанала нејзината нова песна.

„Мојата прва песна, Drivers Licence, е достапна насекаде. Возбудена сум што конечно ќе ја слушнете“, започна таа.

„Го напишав тоа пред шест месеци, откако плачев во автомобилот еден час слушајќи песни од Грејси Абрамс. Мислам дека со право ги претставува компликациите низ кои минував во тоа време. Мислам дека ова е една од првите песни што го направија тоа“, објасни таа.

„Она што најмногу го сакам, кога е пишувањето на песни во прашање, е тоа што имам можност збунувачките, големи чувства да ги претворам во нешто едноставно, чисто и убаво – барем се надевам дека е така“, вели Оливија.

Пејачката исто така им се заблагодари на сите што ја поддржаа на ова патување, а како и не би – песната заврши на врвот на топ листите на iTunes.

Напиши коментар