Познато сценарио: жена (или маж) се заљубува и некаде на патот заборава на себеси и се претвора во полу-личност.
Некако, потребите и желбите на другото човечко суштество стануваат поважни од сопствените, а личноста едноставно „исчезнува“ и не се враќа сè додека не се изгасне првичната магија.
Заљубувањето до уши е возбудливо и многу е лесно да се препуштите на тоа чувство, веднаш штом го препознаете. Сепак, иако љубовта и партнерството можат да бидат одлични, ние не треба да го губиме чувството за себе.
Ние некако мислиме декани треба „подобрата половина“ затоа што не сме доволна личност. Вие сте цела личност. Здравата врска не се состои од две нецелосни половини што стануваат едно, туку од две целини, и двете целосно формирани, со свои планови, соништа и идеи, избираат да ги прошетаат заедно во овој живот.
А, еве во што е финтата: да останете верни на себеси откако ќе се заљубите не значи дека само вие ќе бидете среќни во иднина – ќе бидете и подобар и поискрен партнер.
Што треба да имате предвид:
Запомнете ги своите цели.
Природно е вашите цели да се променат додека размислувате за можната иднина заедно со некого, но запомнете дека е сосема во ред (и потребно е!) да имате цели што ги надминуваат границите на вашата врска. На себе си си должите да не бидете задоволни со „скратувањето“, туку да се стремите кон тоа што сте си го поставиле, а партнерот да биде тука за да ве поддржи.
Семејството и пријателите се приоритет
Кога започнувате нова врска, многу е лесно да ги занемарите семејството и пријателите. Удвојувајте ги вашите напори за одржување контакт со најблиските. Едноставно, запрашајте се: „Дали постојано им велам „не“или „да “? Тие се најскапоцени телуѓе во нашите животи и никогаш не смееме да ги занемариме!
Имајте свое хоби
Не мора да имате сè заедничко со вашиот партнер. Можеби повеќе сакате да читате, а тој повеќе да игра игри. Можеби претпочитате да излегувате од него. Сосема е нормално некои аспекти од вашиот живот да постојат независно едни од други. Верувајте ни, поважно е да бидете искрени едни со други и да се поддржувате, отколку ако двајцата сакате кампување.