Free zone

Откачени пораки за „добро утро“ за него и за неа

Ако сакате да посакате убав почеток на денот на саканата личност со порака, еве неколку одлични идеи:

Пораки за неа и за него:

  • Јас не сум баш утринск тип, но ако се разбудам покрај тебе, дефинитивно би бил.
  • Знам дека сакаш денот да го започнеш со утринско кафе, прелистување на Фејсбук и лесен појадок. Но, исто така, знам дека сето ова нема смисла ако наутро не добиеш порака од мене. Па добро утро! Те сакам повеќе  сè.                                .
  • Добро утро! Ако оваа порака изнуди бар мала насмевка на твоето лице и мојот ден ќе биде подобар. Веќе ми недостасуваш…
  • Го заборавам алармот! Моето утро започнува кога ќе видам порака од тебе.
  • Кога ќе добиеш утринска порака од мене, тоа не е само вообичаеното „Добро утро“. Тоа значи дека ти си првото нешто на што мислам кога ќе ги отворам очите !!!
  • Рецепт за денес: една насмевка за појадок, многу смеа за ручек, планина радост за вечера.
  • Заборави на тоа колку повеќе би можел/а да спиеш и размисли што можеш да постигнеш во текот на овој ден додека си буден/на. Те сакам, добро утро.
  • Добро утро! Дали порачавте повик за будење? Потсетуваме дека должиите еден бакнеж за оваа услуга. Интересот е голем, затоа подмирете го долгот на време.
  • Добро утро. Сакав да го освојам светот за тебе утрово, но повторно заспав. Затоа ти го давам моето срце кое ти одамна го имаш освоено. Бакнеж!
  • Добро утро! Те болат нозете? Не ма чуди, цела ноќ ми одеше по мислите.
  • Рано е наутро, а тебе ти се спие. Ги триеш очите, но сеуште си поспан/а. Не жалам што токму јас те разбудив, ти посакувам убав ден и многу те сакам.
  • Стани, разбуди се, заљуби се!
  • Добро утро љубов моја! Ако можам, би ја исполнил/а оваа порака со целата љубов што ја чувствувам кон тебе. Сакам да ги отвориш очите со знаење дека некој мисли на тебе и те сака повеќе од себе.
  • Пораката за добро утро нема едноставно значење кога ти ја испратам тебе. Таа значи многу повеќе од тоа. Значи дека си во моите мисли уште од утрото.

Која од овие пораки го освои вашето срце?

Напиши коментар