Секојдневното шминкање бара добра нега на лицето.
Бројните средства за отстранување шминка се или скапи или несоодветни, а исто така можат да предизвикаат алергии.
Постојат неколку начини на кои можете да ја отстраните шминката на сосема природен начин.
Бадемово масло – Богато е со витамини А, Б1, Б2, Б6 и Е, затоа го олеснува отстранувањето на токсините од телото. Особено е погоден за чувствителни очи. Нанесете бадемово масло со памукче на лицето, оставете го да делува неколку минути, а потоа исплакнете со вода или извадете го со чај од камилица. Овој начин на отстранување на шминка е многу популарен кај Французинките.
Краставица и млеко – Краставицата како една од најкористените состојки на сите креми и производи за нега на лице може да биде подеднакво ефикасна во комбинација со млеко. Краставицата изрендајте ја или изгмечете ја, додадете 0,5 дл млеко и зовријте. По 10 минути, откко ќе се излади, нанесете ја смесата на памук и исчистете го лицето. Овој третман го забавува стареењето, ги намалува брчките и и дава сјај на кожата.
Маслиново масло – Помасно е од бадемовото масло, ги намалува брчките околу очите и се користи како средство за отстранување шминка со нанесување масло на памучна волна.
Банана и млеко од соја – Нанесете мешавина од една банана и една лажица млеко од соја на лицето и оставете го да делува десетина минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Масло од рузмарин – Особено е погодно за отстранување на кармин, а притоа не ги суши усните. Тоа е идеално за мрсна кожа и исто така ги отстранува акните и мозолчињата.