After Midnight

Ова е тајната на сите апсолутно среќни парови

Ако мислите дека социјалните мрежи се еден вид пазар, места каде што се објавуваат работи и се споделуваат информации, тогаш е сосема јасно зошто сте склони да објавувате делови од вашиот живот за кои сметате дека вреди да ги документирате. Поентата е да се сподели она штo нашите блиски луѓе не можат да го видат на друг начин – и нема ништо лошо во тоа.
Сепак, социјалните мрежи имаат дополнителна нијанса, имајќи предвид дека тие до одреден степен го проектираат нашиот идентитет, поврзаност и вредност за нас самите. Можеме да составиме слика за себе, да измериме колку нè сакаат и како нè гледаат другите, а потоа врз основа на тоа да споредиме каде се наоѓаме во општеството. Затоа, не треба да нè изненадува фактот што стануваме зависни од возбудата што ја носат лајковите и коментарите.

Кога сакате да дознаете како некои сакаат да бидат видени од другите, не барајте подалеку од нивните профили. Ова е особено точно кога станува збор за интимните врски. Нормално е – дури и здраво – да бидете горди и да зборувате јавно за личноста со која се забавувате. Сепак, во исто време, постои јасна врска помеѓу тоа колку сте суштински задоволни од врската и колку често објавувате нешто за тоа.

Можете да направите да се чувствувате подобро во некој сегмент од вашиот живот, само затоа што мислите дека другите луѓе го гледаат тоа поинаку.

Со други зборови, кога не добиваме „возбуда“ од делови од нашите животи за кои сметаме дека се важни за нашето емоционално задоволство, тоа чувство го бараме на друго место. Значи, ако можеме да се убедиме дека другите ја гледаат нашата врска како среќна, тогаш ние исто така стануваме посреќни и потсвесно го менуваме нашето гледиште.

Кога сте среќни во врска, вие сте повеќе внесени вонеа.

Признајте, се случува поретко да се фотографирате или да ги проверувате социјалните мрежи. Не дека никогаш не го правите тоа, но имајќи предвид колку сте навистина среќни, зошто би се окупирале со тоа?

Секој пар кој ги одржува своите кавги во офлајн светот има поголеми шанси.

Објавувате статус за неодамнешна кавга? Дали навистина мислите дека ќе решите некој проблем со оцрнување на партнерот пред сите ваши пријатели и семејство кои ги имате на Фејсбук? Веднаш ќе ти кажеме – нема.

Среќните парови не бараат потврда за квалитетот на нивната врска.

Значи, нема многу задоволство од постојаното пишување „новости“ за нивната врска. Нивната среќа е во тоа да бидат заедно, не да објавуваат дека се заедно.

Тие немаат потреба да докажуваат ништо.

Не се користат еден со друг за да му докажат на светот дека се среќни, сакани, вредни и привлечни. Тие се заедно затоа што сакаат да бидат заедно, а не затоа што нивните длабоко вкоренети проблеми го диктираат тоа.

Напиши коментар