Astro&Horoscope

Ова ќе биде нивна година: Еден знак го чека неверојатна среќа во 2021 година!

Пристигна новата година, за која сите се надеваат дека ќе биде посреќна од 2020. И таа желба ќе му се исполни на еден хороскопски знак.

Астролозите на MindBodyGreen тврдат дека Големото порамнување што се случи на 21 декември 2020 година, ќе им донесе среќа на Водолиите во 2021 година. На тој ден, Јупитер и Сатурн беа најблиску еден до друг во последните 400 години и влегоа во знакот на Водолија.

„Филозофскиот Јупитер ни ги отвора умовите, а Сатурн создава структури за да ги направи нашите мисли поопипливи. Револуцијата започнува на крилјата на либералната Водолија“, најавуваат астролозите.

Затоа Водолијата ќе ја покаже својата имагинативна, авантуристичка страна повеќе од кога и да било.

„Големи промени и нови животни структури се во нивната иднина. Водолии, вие сте на вистинската страница од вашата животна книга, што ќе биде многу возбудливо“, додаваат астролозите.

По својата природа, Водолијата е иновативен знак кој размислува за иднината со желба да постигне подобрување на општеството. Тие се научници, инженери и наставници. Со Јупитер и Сатурн во нивниот знак, во 2021 година тие ќе го почувствуваат моментумот на креативна енергија и позитивно размислување и ќе ги оживеат своите алтруистички идеи.

За да извлечат максимум од сè што им носи 2021 година, тие ќе мора да останат со отворен ум. Ќе мора да го одржуваат својот мозок чист и може да најдат смиреност во медитацијата и користењето техники за дишење. Здравата исхрана, која вклучува цели зрна, никогаш не била поважна во нивниот живот. Астролозите ги советуваат да избегнуваат алкохол и кофеин и да следат колку јадат и спијат, особено околу 26 март, 19 ноември и 4 декември.

„Оваа година би можеле да се чувствувате прилично енергично. Иако се чувствувате како sвер, бидете нежни со зглобовите за да не ве забави повредата“, советуваат астролозите.

Среќата може да ја придружува Водолијата и во љубовта. Најсреќен ден за тоа ќе биде 10 јуни.

Напиши коментар