Дрскоста е лоша карактеристика на луѓето кои секојдневно ги тестираат границите на толеранција на другите луѓе во околината.
Постојат хороскопски знаци кои имаат вродена карактеристика на непристојно однесување и често се главните актери во непријатните ситуации.
Стрелец
Овој хороскопски знак обожава забава, но од астролошка гледна точка, тие спаѓаат во најгрубите знаци.
Нивното однесување е непристојно, а што е уште полошо, тие немаат намера да се извинат.
Скорпија
Скорпиите секогаш се водат од слоганот: „што на ум, тоа на друм“, така што тие зборуваат сè што мислат, без оглед на ситуацијата. Не се двоумат и нивните мисли се многу непријатни и обоени со цинизам.
Близнаци
Близнаците важат за најнезрел хороскопски знак и затоа понекогаш не можат да ги контролираат своите емоции.
Тие не толерираат туѓи осуди и критики, а најлошо е кога емоциите ги акумулираат во себе и на крајот експлодираат од лутина.
Овен
Овој знак не можее да поднесе кога нема контрола над некоја ситуација. Кога работите ќе тргнат наопаку, тогаш тие ја покажуваат својата груба одлика, не избираат средства, газат и повредуваат. Удираат таму каде што најмногу боли.
Бик
Биковите се прилично резервирани луѓе, па доколку ги испровоцирате, тие со задоволство ќе ја покажат својата груба страна.
Затоа, ако имате Бик меѓу вашите пријатели, добро размислете пред да ги изнервирате, бидејќи тие ќе ви истурат еден куп навреди и нема да им избегате од одмазда.