After Midnight

Овие 15 работи ги прават само партнери кои вистински се сакаат

Интимноста со саканата личност е секогаш посебна и често се нарекува водење љубов, не само секс. Но, за да бидете убедени дека љубовта е меѓусебна, односно дека вашиот партнер ве гледа како што и вие гледате на него, треба да обрнете внимание на 15-те знаци кои ќе ги покаже само личност која ве сака.

Ако вашиот партнер прави некои од работите на списокот, не мора да се грижите за неговата верност.

  1. Одржува контакт со очите. Изгледа дека е фокусиран само на вас.
  2. Тој ве сака и смета дека бакнувањето е најинтимниот дел од заедничките моменти.
  3. Неговата примарна цел е да ви удоволи.
  4. Комуницира со вас и ве прашува што ви одговара, а што не.
  5. Не се срами да ги покаже своите чувства. Тој е емотивен.
  6. Ве држи за рака.
  7. Тој ќе ви каже без двоумење ако не ужива во нешто или обратно.
  8. Физичката близина е важна за него.
  9. Не се одделува од вас веднаш штом чинот ќе заврши.
  10. Многу често тој сака да ве прегрне или бакне уште еднаш откако страстите ќе се смират.
  11. Внимава на атмосферата.
  12. Одвојува време за интимност со вас.
  13. Тој нема проблем да го нарекува сексот водење љубов.
  14. Ве теши ако се чувствувате лошо.
  15. Разговарате по самиот чин. Тој сака да знае што ви одговара, а што не и сака да биде подобар за вас.

Напиши коментар