Astro&Horoscope

Овие 3 знаци никогаш не бараат помош иако им е потребна

Не е дека тие живеат без драма и не им е потребна апсолутно никаква поддршка, но се премногу воздржани, премногу срамежливи или можеби премногу чувствителни за да побараат помош. Три хороскопски знаци ретко бараат помош од некого, пренесуваат медиумите.

  1. Девица
    Кога ви треба помош, Девицата и планина ќе помести за да ви помогне, а потоа ќе рече: ‘Ох, тоа не е ништо!’. Но, кога на практична и вредна Девица ѝ е потребна помош, таа е многу тивка. Не дека Девиците не ја ценат вашата помош, тие претпочитаат да го прават тоа на свој начин. Така, следниот пат кога ќе ја видите вашата пријателка Девица како се бори, помогнете ѝ.
  2. Риба
    Рибите се емотивни сунѓери на Зодијакот. Екстремно чувствителни и интуитивни, тие не можат да избегнат проблените на останатите да ги прифатат како свои. И додека Девиците покажуваат поддршка со форсирање на сопствената агенда, Рибите го следат водството на сите други. И иако нивната љубезност секогаш се користи одново и одново, тие секогаш се покажуваат како емпатични хероји.

Кога на Рибите им е потребна помош, тие обично чекаат додека работите не излезат од контрола. Неможноста на Рибите да побараат помош на време може да доведе до непотребна драма и катастрофа што предизвикува Рибите да се чувствуваат напуштено.

Следниот пат кога ќе му кажете на вашиот пријател Риби сите ваши грижи, стравови и проблеми, застанете за моменти и прачакте ги и нив како се чувствуваат. Рибите понекогаш буквално забораваат на себе, па потсетете ги дека им е дозволено да имаат тежок ден.

  1. Водолија
    Никој не изгледа толку ладно и прибрано како Водолијата. Иако тие секогаш се среќни кога се поканети на забава, овој воздушен знак повеќе би сакал да стои настрана и да гледа другите отколку да учествува во драмата. И иако веројатно сте добиле некои од најдобрите совети во животот од вашиот верен пријател Водолија, кога се во неволја, тие повеќе би сакале да исчезнат отколку да посегнат по вашата рака.

Иако може да изгледа дека Водолиите се далечни или едноставно имаат премногу гордост, тие всушност се супер чувствителни. Кога поминуваат низ нешто, тие минуваат низ тоа сами и само ретките и избрани можат да ги видат во таква ранлива состојба.

Ако вашиот пријател или колега Водолија неодамна замолче, испратете му порака да проверите дали е добро. Дури и ако ве остави „виден“ во следните три недели, може да завршите со добивање порака за тоа што се случило и дека сте некој на кој може да му верува.

Напиши коментар