Да се грижите за куче е тешка задача, но ако го правите тоа правилно, наградата е повеќекратна.
Сепак, дури и најдобрите сопственици на кучиња можат да направат грешки кога станува збор за грижа за домашно милениче. Овие се често мали и безопасни грешки што кучето брзо ги заборава, но има и такви што можат да му нанесат голема штета на кучето, дури и да го доведат во смртна опасност.
Никогаш не треба да му ги правите овие пет работи на вашето куче затоа што го загрозувате емоционалното и физичкото здравје на вашиот четириножен пријател.
- Го оставате кучето само во автомобилот
Во кое било време од годината, ако го оставите вашето куче само во автомобил, постои ризик да биде украдено, а да не ги споменуваме смртоносните последици од прегревање на автомобилот. Дури и кога надворешната температура се чини дека не е висока, не го оставајте прозорецот отворен, зашто може да се појави прегревање. Ако не можете да го земете вашето куче со вас , оставете го дома. - Ги игнорирате неговите грешки
Вашето куче никогаш нема да научи што е правилно, а што не, ако го галите дури и кога прави нешто лошо. Можеби кучето го прави најслаткото лице кога е виновно, но сепак мора да учи од своите грешки за да не ги повтори и да се загрози себеси или другите. - Го храните премногу
Слатките се одличен начин за мотивирање на добро однесување, но ако претерате, може да го загрозите здравјето на вашето куче. Запомнете, исто како и кај луѓето, дебелината кај кучињата е исто така поврзана со различни здравствени проблеми како што се дијабетес, кардиопулмонарни заболувања, хипертензија и разни видови на рак. - Не се грижите доволно за неговите заби
Забите на кучето се препорачува секојдневно да се мијат. Многу кучиња страдаат од болести и стоматолошки инфекции кои не се лекуваат, па барем проверете дали вашиот ветеринар ги проверува забите на вашето куче еднаш годишно. - Користете погрешен поводник
Секоја раса има специфични потреби кога станува збор за околувратници и ремени. Кучињата со пократок врат можат сериозно да се повредат од ремен кој е поставен само околу вратот. Наместо тоа треба да се контролира со ам. Прашајте го вашиот ветеринар и истражете ги добрите и лошите страни на околувратникот во однос на амот.