Free zone

Овие работи влијаат на времетраењето на парфемот: Важно е каде и како ги чуваме

Никогаш не би ви паднале на ум некои работи за чување и употреба на парфем.

Британскиот експерт за парфеми Џони Вебер вели дека само 16% од жителите на островот ги чуваат правилно своите шишиња со парфеми.

Тој посочува дека повеќето од нас не чуваат и не користат парфем на вистински начин.

Интернет-анкетата спроведена од агенцијата Perfume Direct покажа дека 45% од испитаниците ги чуваат своите парфеми изложени на полиците во спалната соба, додека 39% од нив чуваат парфеми во бањата.

Ако го чувате парфемот подолг временски период отворен, тој го убива неговиот интензитет.Најбрзиот начин вашиот мирис да ја изгуби својата специфична арома и полека, но сигурно да започне да избледува е да го задржите шишето со парфем на светло. Постојаната светлина е сигурен начин аромата на парфемот да започне да бледнее.

Кога станува збор за нанесување парфем, прскање на воздухот, што изгледа одлично во филмовите и рекламите, а потоа влегување во облакот на парфем, тоа е само буквално фрлање парфем во воздухот. Најдобар начин да се зачува мирисот е да се чува шишето во шкаф и од моментот кога ќе го отворите, да го конзумирате најдоцна во рок од две години и да го нанесете мирисот на пулсните точки – објасни Вебер.

Напиши коментар