Astro&Horoscope

Овие три хороскопски знаци се вистински мамини мази

Синови на мама, мамини мази, мамини љубимци – имаат многу имиња.

Рак

Чувствителните ракови имаат потреба од силно мајчино рамо за да можат да плачат за сè и сешто. Тој ќе ѝ ги ракажува редовно сите детали од неговиот живот во маратонски телефонски повици на неговата мајка. Кога сте во врска со такво момче, мора да бидете свесни дека неговата мајка знае сè за вашиот љубовен живот. Внимавајте!

Лав

Лавовите се всушност независни и горди. Не дозволуваат никој да им докажува ништо. Но, постои еден исклучок – нивната мајка. Таа секогаш ќе ја игра најважната улога во нивните животи. Сè што ќе каже има своја тежина. Дури и кога тој се оддалечил од дома одамна, таа го има главниот збор за сите негови љубовни одлуки. За да биде во тек, тој е со неа барем еднаш неделно на колачи и кафе.

Стрелец

Мажите родени во знакот на Стрелец сакаат да живеат безгрижно. Тие сакаат да се релаксираат и не сакаат да размислуваат за сериозни работи. Зошто би? Кога нешто сериозно ќе се случи, тогаш секогаш обратете се на вашата мајка за помош. Тој дури понекогаш ѝ носи валкани алишта за да му ги испере и чека да му готви. Без неговата мајка, неговиот живот би бил многу потежок.

Напиши коментар