Free zone

Паметни трикови за кармини: Го истакнува најубавото на женското лице и го чува буџетот

Без кармин, шминката би била незамислива, бидејќи ја истакнува убавината.

Кога карминот, обично како последен дел од шминката, се нанесува на усните, дамите добиваат гламурозен изглед. Без кармин или барем сјај за усни, шминката е незамислива.

Сепак, карминот може да има сосема поинаква функција и да служи и како сенка и како руменило.

  1. Дуо со хајлајтерот
    Доколку сакате да користите светла боја на кармин, измешајте го омилениот кармин со малку хајлајтер и нанесете го на усните.

Ова ќе го омекне контрастот помеѓу силната боја на усните и ќе направи целина помеѓу усните и делот на образите каде што главно се нанесува хајлајтерот.

  1. Нанесете кармин на очните капаци
    Ако сакате вашата шминка да биде монохроматска и фиксирана, наместо сенки, можете да ставите кармин на очните капаци. За поимпресивен изглед, додадете мала количина на бледо златна сенка на внатрешниот агол на окото.
  2. Користете го како руменило
    Професионалните шминкери, одговарајќи на едно од најпопуларните женски прашања – која нијанса на руменило одговара на црвениот кармин, одговорија дека карминот што го користите треба да го нанесувате на образите и рамномерно да го триете со прстите.

Во тој случај, карминот има функција за руменило што совршено одговара со вашиот кармин.

Напиши коментар