Не толку одамна, понекогаш сакавме да отидеме некаде, и за викенд веќе ги пакувавме куферите и заминувавме. Научивме многу важна лекција и веројатно никој повеќе нема да го зема патувањето здраво за готово.
Размислувајќи за 2021 година, пандемијата го менува не само нашиот избор на дестинации, туку и видот на патувањето што најверојатно ќе го започнеме оваа година.
Уживање во соло патување
Трендот на соло патување веројатно ќе добие уште поголем интензитет. Пандемијата спречи многу планови за патниците, а многумина од нив ќе започнат соло патувања оваа година.
Интересно е што податоците на некои платформи за резервација на сместувања, покажуваат дека сега тројно повеќе патници се подготвени на соло патувања во иднина. Сите испитаници наведуваат дека сакаат да патуваат многу повеќе во иднина за да надоместат се што е изгубено во текот на 2020 година.
Семејни патувања
Во текот на 2020 година, многу патници беа далеку од своите пријатели и семејство. Многумина ќе сакаат да го искористат идното патување како можност за повторно поврзување со најблиските.
Интересно е што многумина истакнуваат дека за време на пандемијата, разговорот со пријателите и семејството за различни дестинации е една од главните инспирации за повторно патување.
Викенд – бегство од реалноста
Многу патници сè уште се чувствуваат вознемирени дека нивните идни планови за патување може повторно да пропаднат. Како резултат, побарувачката за кратки патувања ќе се зголеми.
Патување сами – луксуз
Неуспешните планови за бројни турнеи во текот на изминатата година направија да изгледа како луксуз воопшто да можете да патувате. После ваква година за нас, ретко кој ќе го земе патувањето здраво за готово. Желбата да патуваме повторно е тука.
Во минатото, можеби сонувавме да се препуштиме на луксузно патување, да престојуваме во вила или хотел со 5 ѕвезди. Сега можеме да го дефинираме луксузот поинаку. Релаксирачко патување, за да се извлечеме од секодјевнието, станува вистински луксуз во новата 2021 година.