Без разлика дали сте во врска или сами, февруари ќе биде полн со љубов за овие три знаци. Особено ќе биде „огнено“ на 14 февруари, за Денот на вљубените.
Бик
Овој февруари дефинитивно ќе биде добро време да уживате во сите земни радости со кои управува Венера. Бикови, Марс ќе влезе во вашиот знак и ќе запали оган во вас. Затоа, не двоумете се, преземете иницијатива и закажете состанок со оној кој ви го стоплува срцето.
Стрелец
Стрелци, подгответе се за среќа. Месечината ќе се лизне низ вашата куќа на партнерството, бракот и посветеноста, што значи дека ќе почувствувате потреба да се држите до некој посебен. Среќата дефинитивно ќе биде на ваша страна – затоа не треба да се двоумите и слободно ризикувајте кога станува збор за љубовта.
Одете на состанок на слепо, излезете со пријателите или дури само излезете од вашата удобна зона и поканете ја личноста што ја сакате на состанок.
Јарец
Оставете ги вашите рационализација и прагматизам, затоа што ви претстои луд февруари. Ќе бидете одлично расположени за љубов и секс.
Очекувајте да се чувствувате многу поромантично, постраствено и поемотивно од вообичаеното, затоа не плашете се од интензитетот. Следете ја вашата страст и искористете ги сите придобивки. Не се задоволувајте со просекот, Универзумот ви кажува да му се предадете на срцето.