Добриот маникир не трае вечно, а појавата на оштетувања може да биде проблем кога немате многу време пред важниот состанок, особено ако во тоа време немате ацетон.
Сепак, постојат и други начини на кои можете да го отстраните лакот, а меѓу нив дефинитивно не е е агресивно гребење.
Паста за заби
Сè што треба да направите е да нанесете паста за заби на вашите нокти бидејќи содржи етил ацетат, кој го има и во ацетонот.
Дезодоранс
Дезодорансот е уште еден начин да се отстрани лакот. Нанесете го на ноктите, а потоа започнете да го отстранувате лакот со памук. Можеби ќе бидат потребни повеќе од еден обид, но резултатот ќе биде задоволителен.
Средство за дезинфекција на раце
За време на пандемијата, најверојатно ќе имате при рака средство за дезинфекција на рацете. Нанесете малку од овој производ на памук или памучна волна и тријте ги ноктите додека не ги добиете посакуваните резултати.
Парфем
Исто како дезодорансот, парфемот може да го замени ацетонот. Нанесете го на памук или салфетка и започнете со чистење на ноктите. Многу жени признаа дека ваквиот начин на отстранување на лакот честопати ги „спасил“.
Лак за коса
Лакот за коса содржи алкохол и е најдобрата алтернатива за отстранување на лакот. Нанесете лак, но потоа дејствувајте што е можно побрзо, затоа што памукот може да се залепи на ноктите.