Free zone

Пет ефикасни совети за подобра организација на времето

Иако денот се состои од 24 часа, ние често имаме чувство дека времето „лета“. Затоа е важно правилно да ги искористиме часовите од денот којшто е пред нас.

  1. Вежбајте наутро
    Поставете го алармот порано и вежбајте наутро. На тој начин, нема да имате причина да го прескокнете тренингот како што би направиле навечер. Исто така, ќе се чувствувате многу подобро и попродуктивно во текот на целиот ден.
  2. Закажете кратки паузи во текот на работниот ден
    Иако можеби не изгледа така, но кратките паузи од неколку минути значат многу. Затворете ги и одморете ги очите или направете неколку вежби за истегнување за да го разбудите вашето тело.
  3. Поставете три приоритети
    Се разбира, имаме многу што да направиме во текот на денот, но создавањето приоритети ќе ви го олесни процесот. Секое утро запишете ги трите најважни работи што треба да ги направите до крајот на денот.
  4. Одвојте се од телефонот
    Сè повеќе, не сме ни свесни колку време трошиме непотребно користејќи мобилни телефони. Доколку не станува збор за вонредна состојба или деловна состојба, ставете го вашиот мобилен телефон таму каде што нема да ви биде на дофат.
  5. Изберете слични комбинации на облека
    За да заштедите време, изберете комбинации на облека со истата „формула“ во текот на работната недела. На пример, кошула, панталони и потпетици. На тој начин, секогаш ќе знаете што навистина барате кога ќе го отворите плакарот наутро.

Напиши коментар