Главно кај жените, она што ја прави силна и привлечна е нејзината енергија. Но, постојат 5 работи кои ја убиваат таа енергија. Не дозволувајте да ја убиете својата женственос и енергија, бидејќи од тоа зависи вашата среќа.
- Прекумерна комуникација со надворешниот свет
Жената треба да комуницира со оние што ги сака. Таа не треба да излегува од својата зона на комфор. Мажот треба да комуницира со оние кои не ги сака, бидејќи така се развива, ги надминува тешкотиите. Една од најголемите грешки што ја прави жената е кога го прави она што не сака. Тоа одзема многу од нејзината енергија. - Недостаток на грижа за телото и вежбање
Жената ја зголемува својата енергија кога се грижи за своето здравје и убавина. Запоставената и болна жена е слаба и физички и енергетски. - Недостаток на емоции
Многу жени веруваат дека е потребно да покажат само позитивни емоции, дека треба да размислуваат позитивно, секогаш да се смеат и да бидат весели.
Сепак, жената мора да покаже и негативни емоции, солзи и хистерија, не на секого, туку на лицето на кое му верува, на нејзината блиска личност. Секогаш покрај неа треба да има личност пред која може да изрази какви било емоции. Емоционалната изолација ја одзема енергијата на жената.
- Недостаток на хоби
Жената добива огромна количина енергија и позитивни емоции од она што сака да го прави. Таа дефинитивно треба да има хоби, а хобито треба да го поддржува нејзиниот партнер. Жената треба да сфати што сака, без разлика дали се работи за танцување, плетење или нешто друго, не е важно. - Недостаток на креативност
Ако жената не создава ништо, нејзината енергија стагнира. Сè што една жена прави со своите раце е креативност, без разлика дали се работи за чистење, готвење, градинарство или внатрешен дизајн. Со создавање на нешто убаво, жената станува сама по себе убава. Ако жената во слободното време одмара и не прави ништо, наскоро ќе ја деградира и изгуби целата своја енергија.