Astro&Horoscope

Пет преломни датуми во 2021 година кои ќе ни донесат неверојатна енергија

Астролозите велат дека 2021 година ни носи изобилство и големи можности за напредок. Исто така, носи можност да го постигнеме она за што долго време сме сонувале и да го живееме животот што го посакуваме.

Ова е година во која владее бројот 5 – бројот на креативностa, мудростa и слободата. Овој број ги претставува сите елементи – воздух, вода, оган и земја и ви овозможува да живеете во хармонија со нив. Пет е исто така број на плодноста, изобилството и женската сила.

Нова месечина во Лав
08.08. ќе биде исклучително поволен ден за сите знаци. На тој ден, на небото ќе блесне млада Месечина во знакот на Лав, што со себе носи можност да напредуваме на сите полиња.

Јупитер во Риби

Јупитер влегува во знакот на Риби 13.05. и тој датум носи наплив на позитивна енергија и голема среќа.

Јупитер останува во знакот на Риби до 31 декември, така што генерално втората половина на годината ќе биде успешна за повеќето од нас. Секако, сè зависи од самите нас. Ѕвездите ќе бидат во наша корист, а останува на нас да го искористиме тоа позитивно влијание најдобро што можеме.

Ретрограден Меркур

Во текот на 2021 година, Ретрограден Меркур ќе биде активен дури 3 пати. Обрнете внимание на овие датуми и не правете непромислени потези:

од 30.01. до 20.02.

од 29.05. до 22.06.

од 26.09. до 18.10.

Напиши коментар