After Midnight

Пет причини зошто луѓето сè повеќе избираат да бидат сингл

Денес повеќе не се смета за „погрешно“ уживањето во сингл животот.

Луѓето почнаа да ги преиспитуваат нормите и научија вистински да уживаат во својата слобода.

Постојат различни причини зошто луѓето сè повеќе сакаат да бидат сами подолго време или можеби дури и засекогаш. Психолозите објаснуваат зошто е тоа така:

Отвореност кон авантури, уживање во животот и нови познанства

Луѓето почнаа да се фокусираат на личното време, социјалниот живот и кариерата. Тие не сакаат нивниот статус на врска да го контролира нивниот живот и не сакаат да ја занемарат сопствената вредност. Тоа им дава шанса да останат поотворени за нови авантури и себе се сметаат за позабавни затоа што се слободни.

Жените го сакаат чувството на независност

Жените се повеќе се фокусираат на својата кариера и го почитуваат личниот живот, без да се жртвуваат за љубовта. Влегувајќи во врска, тие се плашат дека ќе го изгубат сето тоа, особено нивната независност. Тие започнаа да се стремат кон подоцнежен брак, дури по завршувањето на високото образование и воспоставувањето стабилност во кариерата.

Како што старееме, сингл животот станува сè позабавна опција

Спроведена е студија во која учествувале луѓе на возраст меѓу 40 и 85 години, што покажало дека животот на овие слободни луѓе е всушност многу подобар. Всушност, се покажа дека како што стареат луѓето, тие стануваат сè позадоволни. Имаат повеќе време за своето хоби, нови интереси и пријатели.

Сè повеќе луѓе не сакаат да се посветат на друга личност

Луѓето кои сакаат силна и стабилна врска обично на крајот завршуваат слободни, бидејќи не можат да најдат некој кој исто така се грижи и кој ја цени посветеноста. Денес, тоа е ретко и создава страв што ги оддалечува луѓето едни од други.

Кога постојано ја потсетувате вашата сакана личност за важноста и вредноста на обврската, а таа одбива да го смени аголот на гледање на работите, се чини како да сте изгубиле време на ништо. Затоа некои луѓе мислат дека врската со партнер кој има исти животни идеи и ист систем на вредности е бајка без среќен крај и дека е скоро невозможна.

Работа на себе

Кога работите на саморазвивање, полесно е да изградите подобар карактер и да работите на вашите слабости. Кога немате некој друг, за кого треба да размислувате, имате повеќе време за деловни идеи, релаксација и вежбање.

Напиши коментар