After Midnight

Пет работи кои мажите воопшто не ги забележуваат кај жените

Во принцип, жените им придаваат многу поголемо значење на малите нешта отколку на мажите. На нив, на пример не им е важно дали имате неколку килограми вишок или бојата на косата не ви испаднала баш онака како што посакувавте. Единствено што им е важно е да ги сакате безусловно и да сте тука за нив, без оглед што ќе се случи.

Откриваме кои се петте работи што мажите воопшто не ги забележуваат кај нивните животни придружнички.

Недепилирани нозе

За мажот навистина не е важно дали редовно ги депилирате нозете. Може да забележите дека малите „трнчиња“ почнаа да излегуваат од кожата, но тоа нему воопшто нема да му биде важно. И дури и ако се „опуштите“ неколку дена, него сигурно ќе му биде многу поважно ручекот да биде редовно на маса а „вечерата“ во кревет.

Ако не носите шминка

Сигурно сте му многу поубави без шминка. Како и да е, тој и онака не знае за што служат половина од тие работи во женскиот комплет.

Дружење со пријателите

Покрај тоа, тој исто така треба да се одмори во петок навечер со добра фудбалска игра и пиво. Можеби потајно се надева дека понекогаш ќе биде сам. Удоволете си и себе си и нему! Поминете некое време одделно, правејќи ги работите што најмногу ги сакате.

Која големина на облека ја носите

Тој едвај знае која големина е неговата маица, па како тогаш ќе ја знае вашата. Единствено што е важно е да му се допаѓа како изгледате, без разлика дали носите XS или XL големина. Знаете дека за вкусовите не вреди да се дискутира.

Долна облека

Тоа што жените секогаш се замараат да имаат гаќички и градник во иста боја, воопшто не им паѓа на ум на мажите. Единствено што им е важно е дека од време на време, кога сте со него, да „останете“ без нив.

Напиши коментар