After Midnight

Пет ситуации кои прават вашиот партнер да биде отсутен и дистанциран

Може да биде многу тешко да се заклучи зошто некое лице се однесува на одреден начин. Зошто има ненадејни промени во однесувањето без некоја посебна причина. Ова е особено голем предизвик кога станува збор за вашиот партнер. Тој треба да биде вашата поддршка, личностa која навистина ве разбира, која ја сакате и ја обожавате дури и во моменти кога е многу здодевна.

Потребно му е слободно да „дише“
На секого понекогаш му треба малку простор. Дали вие и вашиот сакан ја поминувате секоја секунда заедно? Дали постојано се допишувате, како да не сте се виделе веќе еден месец, а штотуку сте се поздравиле?
Ако се препознаете во ова, можно е тој да ве игнорира затоа што едноставно му треба ден за себе. Малку време сам со своите мисли. Не сфаќајте го тоа лично; всушност, тоа би ви одговарало доста добро. Запомнете – вие сте пар, а не една личност поделена на два дела.

Сака да биде со своето семејство
Во случај вашиот сакан да сака да биде со семејството, тој веројатно ве игнорира поради нив. Кога сме со нашинте, сите го оставаме телефонот настрана се додека не се оддалечиме безбедно од љубопитните очи и уши на нашите роднини. Вие самите знаете дека е тешко да се дистанцирате (и не треба да го правите тоа) од задолжителниот семеен собир.

Тој е вознемирен и не сака да зборува за тоа
Знаеме многу мажи кои се отворени и искрени кога се во прашање нивните емоции. Всушност, понекогаш премногу. Од друга страна, ние исто така ги познаваме и оние што се толку затворени, што навистина им е тешко да признаат дека нешто ги мачи.

Ако вашиот партнер припаѓа на оваа втора група, можно е да ве игнорира затоа што не сака да не зборува за своите чувства. Можеби неговите емоции дури и немаат врска со вас. Веројатно е лут на целиот свет (освен вас), но ве игнорира за да не започнете непотребна кавга.

Љубоморен е
Кога некој е љубоморен, тоа се покажува на многу начини, но игнорирањето е едно од класичните. Ако ова е проблемот, најдобро е да разговарате. Што и да е, треба да се санира, бидејќи постојаната љубомора не доведува до ништо друго освен до уништување на врската.

Сака да раскине
Не сакаме да бидеме гласници на лоши вести, но ова е исто така реалност. Постојат моменти кога вашиот партнер ќе ве игнорира затоа што не знае како да раскине, а потоа сака да се уморите од него, за да можете да раскинете. Пред да дојдете до заклучок дека токму ова е во прашање, разговарајте и откријте што навистина се случува.

Напиши коментар