Free zone

Пет знаци дека претерувате со кафето – Главоболката и несоницата се едни од доказите за тоа!

  1. Имате главоболка
    Истражувањата покажуваат дека повеќе од 50 проценти од луѓето кои пијат кафе, редовно имаат умерена до тешка главоболка ако поминат еден ден без кафе.
  2. Вашето срце е во петта брзина
    Ако срцето ви чука и „скока“ после пиењето на кафе, голема е веројатноста дека кофеинот е „виновен“ за тоа. Некои луѓе се чувствителни и на мала количина кофеин.
  3. Се чувствувате немирно и вознемирено
    Можеби тоа беше предизвикано од вашето утринско кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин, па затоа почнуваат да чувствуваат немир, раздразливост, па дури и вознемиреност по само една шолја кафе со кофеин. Од друга страна, има и такви на кои им пречи кафето без кофеин.
  4. Мрзоволни сте и кавгаџиски настроени
    Дали се ве нервира затоа што не го испивте утринското кафе? Кофеинот е стимуланс кој дава енергија и „подобро чувство“, но ако сте лошо расположени кога нема да се напиете кафе, тоа значи дека вие сте всушност зависни.
  5. Не можете да спиете
    Ова е причината зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го зголемува нивото на адреналин, па затоа можете да се чувствувате поенергично и будно. Може да помогне во понеделник наутро кога ви треба енергетски поттик. Но, во текот на денот, ако консумирате кофеин неколку часа пред да одите во кревет, тоа го пореметува вашиот биолошки часовник. Нема да спиете добро ноќта, па ќе бидете уморни наутро.

Напиши коментар