Сè, од цветни принтови, преку прерамки, до плетени парчиња ќе биде во тренд. Вака ќе се облекуваме во текот на 2021 година …
Модните експерти велат дека е дозволено експериментирање и играње со модните трендови и комбинирање на навидум некомпатибилни парчиња.
Еве ги трендовите што ќе доминираат во текот на следната година:
- Крпеница
Крпеница е интересна техника на шиење што поврзува различни парчиња ткаенина, според одредена шема. Најинтересните дела со крпеница изобилуваат со бои и креативно дизајнирани. Речиси сите парчиња ќе бидат изработени од овој материјал.
- Плетена облека
Плетените парчиња стануваат сè попопуларни секој ден, па готовите тренерки, дуксери, фустани, здолништа, па дури и панталони се задолжителни во гардеробата на секоја жена со стил. Овој тренд ќе продолжи и во текот на 2021 година.
- Светли бои
Колку е пошаренолико, толку подобро, е правилото што сите трендсетерки ќе го следат следната година. Парчиња во светли бои, како и спојување на 2 или 3 бои во еден стил ќе бидат добредојдени.
- Проѕирни парчиња
Предизвикувачки и романтичено во исто време, ова е најдобриот начин да се опише овој тренд. Транспарентни парчиња кои ја скокоткаат имагинацијата и изгледаат многу женствено, се нешто што ќе им се допадне на повеќето жени. Особено, фустаните ќе бидат одличен избор за вечерно излегување.
- Спортска елеганција
Комбинирањето на спортски и елегантни парчиња ќе биде многу популарно следната година.
- Морски мотиви на облека
Овој разигран дизајн ќе биде многу популарен во текот на целата година. Мотиви како морска sвезда и школки, што често ќе ги видиме во гардеробата.
- Цветно издание
Овој принт нема намера да ја напушти модната сцена. Ќе биде актуелен и во текот на следната година.
- Нагласени рамења
Сите парчиња со нагласени рамена, ќе бидат многу популарни. Вакви парчиња изгледаат одлично кај сите жени и ја прават фигурата да изгледа похармонично.