Free zone

Почнува новата сезона на шминкање: 3 ПРОЛЕТНИ ТРЕНДА

Дали користите иста шминка секој ден и дали ви е малку здодевна?

Трендовите на шминка оваа сезона ќе ни помогнат да изгледаме посвежо и помладо. Што би можеле да примените оваа сезона?

Позлатени очни капаци
Оваа сенка не е идеална само за пролетната сезона, туку е и лесен начин да се скрие промената на бојата на очните капаци. Жолтата подлога маскира црвенило, додека сјајната завршница дополнително ги отвора очите.

Сепак, бидете внимателни како ја нанесувате оваа сенка: за најдобар ефект, нанесете ја од линијата на трепките до под наборот (поради сјајната сенка, очите може да изгледаат отечени, ако не се нанесе правилно). За среден тен се препорачува класично злато, а за темен тен темна златна нијанса.

Ако имате светла кожа, златно-розовата нијанса е идеална за вас.

Малку нагласени усни
Не, шокантната портокалова или електрична виолетова не се за оваа сезона! Овој тренд на оваа сезона е суптилно подобрување на она што веќе го имате.

Ова се нијанси кои само дополнително ќе ја нагласат природната боја на вашите усни – топло розова и нежно бледо црвена боја.

Неутралните нијанси ги прават усните визуелно поголеми.

Суптилно контурирање
Овој метод всушност се фокусира на истакнување на јагодичките. Нанесете подлога и коректор како и обично, а потоа мат пудра што е за две нијанси потемна од бојата на вашата кожа. И бидете внимателни кога нанесувате бронзер, бидејќи може да го расипе целокупниот ефект (поради што избегнувајте премногу темни нијанси).

Напиши коментар