Celebrity

Погледнете го трејлерот за третиот дел од филмот “To All The Boys I’ve Loved Before”

Последниот филм од едицијата „To All The Boys I Loved Before“ пристигнува за помалку од еден месец, а сега е тука и трејлерот.

Додека Лара Џин се подготвуваше за крајот на средното училиште и почетокот на полнолетството, неколку патувања коишто и го променија животот ја натераа да размисли како ќе изгледа животот со семејството, пријателите и Питер по дипломирањето.

Третиот филм, базиран на истоимената книга, се вика „Момците коишто ги сакав: секогаш и засекогаш“ и премиерно ќе биде прикажан на „Нетфликс“ од 12 февруари.

Режисер на филмот е Мајкл Фимогнари и во него играат Лана Кондор, Ноа Сентинео, Џенел Париш, Ана Каткарт, Рос Батлер и Медлин Артур со Сараја Блу и Џон Корбет.

Напиши коментар