Ако имате постара сестра, знаете кој ве вадел од неволји, од кого позајмивте облека без прашање, кој ве покривал пред вашите родители и се грижел за вас. Родителите честопати ја потсетуваа дека треба да биде одговорна и паметна, а и самата знаеше дека ќе ја гледате и ќе сакате да биде добар пример за вас.
Вашата постара сестра, за која често мислевте дека е здодевна и иритирачка, всушност е учена по построги правила од вас.
Вашите родители, во страв да не направат грешки, биле поригорозни кон неа, во споредба со вас кога тие веќе се опуштиле и станале пофлексибилни.
Многу често постарите сестри ја преземаат улогата на медијатор помагајќи им на вашите родители да ве разберат, прикривајќи ја вашата злоба и секогаш нудејќи безрезервна љубов и поддршка.
Таа мораше да биде строга.
Истовремено беше во улога на пријател, телохранител, учител и идол, а од друга страна, постојано се плашеше за вас и беше загрижена. Без оглед, таа отсекогаш била ваша поддршка и потпора.
Вашата сестра можеби не може да ги сите ваши проблеми, но сигурно е дека никогаш нема да мора да ги решавате сами. Можете да го измамите светот но не и неа, таа знае кога нешто ве мачи, знае кога сте во неволја и знае кога треба да биде тука за вас.
Улогата на постарата сестра е да биде воздушна перница, во текот на целиот живот, таа е тука, но незабележливо.
Дури кога ќе се случи несреќа, таа скока и ве спасува и не дозволува ништо да ве повреди. Затоа, заблагодарете им се на своите сестри и покажете им дека сте среќни затоа што ги имате, затоа што „лојалната сестра вреди повеќе од илјада пријатели“.