Експертите од институтот „Готман“, институција која проучува љубовни врски веќе 40 години, открија дека постојат пет вида на парови:
оние кои избегнуваат конфликти;
кои се поддржуваат едни со други;
оние кои си дозволуваат промени во расположението;
оние кои се непријателски настроени;
оние кои се непријателски расположени, но и отуѓени еден од друг;
Партнерите кои припаѓаат на првата група прифаќаат дека има разлики меѓу луѓето и не се обидуваат да се менуваат еден со друг по секоја цена, туку секогаш се обидуваат да најдат заеднички јазик и да постигнат компромис.
Партнерите кои припаѓаат на втората група им даваат приоритет на давањето поддршка, изразувањето убави зборови и давање комплименти еден на друг. Тие мислат дека тоа е сигурен рецепт за хармонична врска.
Третата група парови навидум се карактеризира со нестабилност, но сепак, партнерите во ваквите врски наоѓаат начин да си кажат еден на друг што им пречи, но тие не дозволуваат тоа да оди предалеку и секогаш размислуваат како да ја подобрат нивната врска.
Значи, ова се трите типови на врски, за кои можеме да кажеме дека се полни со среќа и љубов. Истото не се однесува на четвртиот и петтиот вид на односи. Партнерите во таквите односи се секогаш на работ и инсистираат по секоја цена да се прифати нивната позиција за реален или замислен проблем. Тие немаат разбирање еден за друг и на секој мал приговор гледаат како на напад што доаѓа од непријателски импулси.
Како рецепт за решавање на конфликтите во односите, Институтот Готман нуди систем наречен Сооднос 5: 1. Идејата на овој систем е секоја лоша работа што сте му ја направиле на вашиот партнер, вклучувајќи, на пример, премногу злонамерен коментар или заборавање на важен датум, да се компензира со пет работи што ја покажуваат вашата љубов. Може да биде убав збор, купување подароци, организирање патување, некоја услуга или што било друго што ќе му значи многу на вашиот партнер.