Free zone

Постојат 6 типови на возачи во сообраќајот – На кој тип му припаѓате вие?

Мажите се убедени дека се многу подобри возачи од жените, но истражувањето го негира тоа, бидејќи покажува дека тоа е индивидуално, а не прашање на пол.

Покрај тоа, студиите велат дека секој од нас може да спаѓа во одредена категорија возачи, без оглед дали сте жена или маж. Истражувачите од Лондонската школа за економија и политички науки идентификуваа шест типа на личности зад воланот.

Наставници. Ова се возачите кои имаат потреба да им укажат на грешките на својот партнер или колеги во сообраќајот, очекувајќи признание за нивната работа.

Натпреварувачи. За нив сè е трка, така што тие секогаш ќе додат гас кога ќе се обидете да ги престигнете. Поради натпреварувачкиот дух, тие често предизвикуваат несреќи.

Одмаздници. Тие свесно ги казнуваат возачите кои, според нив, немаат сообраќајна култура, па затоа или забавуваат или блокираат други автомобили на патот.

Сезнајко. Тие секогаш се во право, па ќе ги слушнете како го коментираат секој возач, бидејќи само тие знаат да возат.

Бегалци. Додека возат, тие најмногу слушаат музика или зборуваат на телефон преку слушалки, бидејќи тоа е начин да избегаат од фрустрациите предизвикани од другите возачи.

Филозофи. Тоа се оние мирни, опуштени и собрани возачи, кои никој не може да ги налути во сообраќајот.

Напиши коментар