Секој од нас треба понекогаш да излезе од рационалниот и свесен дел од себе. Посреќните и похрабрите во потрагата по значење и страсти, бараат патувања до далечни дестинации, меѓу различните обичаи и култури.
Оваа глобална пандемија им го негираше „ослободувањето“ на таквите луѓе на овој начин, но најдовме страница која ни укажува дека можеби повеќето од нашите лични карактеристики се обликуваат од духовна врска со нашето духовно животно.
Интернет-страницата Primal astrology ни дава детален опис на нашата личност.
Со малку познавање на англиски јазик или едноставно со помош на онлајн преведувач, ќе откриете кое животно сте во духовна смисла. Се разбира, ако ве интересира личен опис, можете да погледнете и што ги карактеризира вашите најблиски.
Изберете ја годината, а потоа периодот во кој се наоѓа датумот на раѓање и ќе се создаде интересен текст пред вас, врз основа на кој ќе можете да го споредувате вашиот поглед кон себе и другите со описот за одредено животно.
Ова интересно и забавно истражување е потполно бесплатно, а може да открие и да ви објасни неколку нејаснотии за вас лично или вашите најблиски.