Како и многу јавни личности, популарниот американски актер Метју Меконахи реши да стане ЈуТјубер за време на пандемијата на коронавирусите.
Метју Меконахи го започна своето прво видео на Јутјуб со неговата позната фраза „Alright, Alright, Alright“ (прев.Добро, добро, добро) и најави дека отсега натаму редовно ќе објавува нови содржини на неговиот канал.
Актерот го снимил видеото во својот дом, а досега е прегледано повеќе од 200.000 пати.Ова е место каде што ќе ви откријам кој сум и кој не сум. Е зборувам за тоа во што верувам и што не, што правам и што не правам. Покрај тоа, ќе зборувам за различни пристапи и верувања во животот, кои ги открив во последните неколку години – рече актерот.
Тој додаде дека каналот ќе има интересна и смешна содржина, посебни совети за тоа како да се живее животот, како и дека ќе ја содржи целата мудрост што актерот ја открил во текот на повеќе од 50 години од својот живот.