After Midnight

Познато е дека мажите тешко искажуваат љубов – Ова се знаците кои покажуваат дека тој ве сака, но упорно го крие тоа

Мажите се научени да ги кријат своите чувства, па затоа им е многу потешко да зборуваат за тоа како се чувствуваат.

  1. Човек што ве сака, a го крие тоа памети сè што ќе кажете

Дали тој се сеќава на сè што спомнавте, како и на најголемите баналности што вие самите заборавате дека сте ги кажале? Ако видите во разговорот дека се сеќава на такви ситници, тогаш има многу добра причина. Ова може да биде показател за љубов, особено ако тоа се случува само во комуникацијата со вас.

Ако забележите дека тој е генерално заборавен или не посветува толку многу внимание на другите луѓе околу него, а апсорбира сè што ќе кажете и правите вие, тоа дефинитивно покажува дека тој ве гледа поинаку.

  1. Наоѓа време за вас

Кога мажот е заинтересиран за нас, тој ќе се потруди да најде време за вас и да ве вклучи во неговиот секојдневен живот, без оглед колку е зафатен. Едноставно, кога сме заљубени во некого, сакаме да поминеме што повеќе време со него.

Ние секогаш некако наоѓаме време за приоритетите, па ако тој често поминува време со вас иако знаете дека имате многу работа и други обврски, тоа значи дека тој избра да го издвои тоа време за вас. Значи, тој сака да ви се посвети вамм, а времето е најскапоцената валута што ја имаме, затоа што не можеме да ја вратиме.

  1. Тој е љубоморен кога сте во близина на друг маж

Ништо не открива толку брзо ако мажот дали е заљубен во вас, отколку кога ќе се најдете во друштво на друг маж. Ако сте на состанок и некој ви пристапи, запомнете каква е неговата реакција. Тој треба да биде многу добар актер за да се воздржи во оваа ситуација.

Забележете како се однесуваше со момчето кое ви го побара бројот, дали беше непријателски настроен, го игнорираше или беше сосема во ред со тоа? Мажите кога се љубоморни, а сакаат да го скријат тоа, обично одат од една во друга крајност.

Едната е тотално да ја игнорира ситуацијата и да се јаде одвнатре, а другата е да стане малку наметлив и да се обиде да ве одврати од идејата да излезете со друг маж.

Напиши коментар