After Midnight

Зошто партнерот ме турка од себе?

Сигурно барем еднаш сте поминале низ самоиспитување и сте сфатиле дека сте здрава, вистинска, убава и самосвесна жена на која не и недостасува скоро ништо, а сепак не успеала. Баш кога се чинеше дека сè оди како што треба, тој реши да ги подигне sидовите и да ве оддалечи од него. На сите ни е познато ова сценарио, но сепак, се поставува прашањето: Зошто мажите нè бркаат од себе?

Дистанца, студенило и неспособност за слушање, тоа е она што најмногу ве фрустрира, дистанца која никако не успевате да ја надминете, а тој не се ни обидува да направи чекор кон вас. Зошто? Да речеме, затоа што тој не е свесен за вашите вредности. Затворен во неговиот свет, исплашен за себе и својата незрелост, вашиот партнер води битка за созревање, и поради тоа често е отсутен, а обично сфаќа што изгубил дури кога ќе ви го види грбот.

Не е дека сака да ве оддалечи од него, затоа што ако тој не ве сака, вие веројатно не би ни стигнале на местото каде што сега е вашата врска. Сепак, додека се уште е во незрела фаза, вашиот партнер е подготвен да ги слуша и препознава само неговите сопствени потреби, поради што на вашите често замижува. И токму неговиот незаинтересираност ќе предизвика да се откажете, не затоа што тој сака раскинување, туку затоа што вие сакате нешто повеќе од врската во која сте.

Затоа, драги дами, не лутете им се на вашите партнери, бидејќи тие сè уште се занимаваат со својата незрелост, туку запрашајте се што барате вие со нив. Одлучете доброволно да си заминете, кога конечно во огледало ќе препознаете жена која може да направи многу повеќе. Одделете се од чувството на непосакуваност и тргнете кон себе, а на патот може да сретнете зрел маж, кој ќе ве сака покрај себе, кој нема да ве турка и покрај кого ќе изберете да останете, не само денес и утре, туку засекогаш, силен, убав и паметен, баш таква каква што сте и вие.

Напиши коментар