Сè што имаме во куќата и што носиме со нас може да привлече добри работи, ако ги искористиме на вистински начин. Со помош на овие три совети на Фенг Шуи, научете како да ја средите вашата торба за да ви донесе успех и пари.
- Никако отворена
Чувајте ја торбата секогаш затворена, тоа е добра навика и препорачан ритуал, за да ги зачувате парите. За безбедност, секогаш носете ја торбата припиена до вашето тело. За дополнително да се заштитите од кражба, вметнете амајлија во малата преграда и чувајте ја таму.
- Обрнете внимание на неа
Женската навика да има секогаш сè до себе е многу лоша според принципите на фенг шуи. На крајот на секој ден, проверете што е сувишно, извадете и, доколку е потребно, пребришете ги рачките или ременот. И не заборавајте – никогаш не ја оставате торбата на подот, бидејќи оваа постапка „одбива“ пари и го „исцрпува“ богатство.
- Изберете боја што носи просперитет
Црвената боја е за среќа и заштита, црната за покачување и успех во каријерата, златната и црвената заедно носат среќа и благослови, виолетовата и сребрената заедно создаваат луксуз и богатство, додека зелената носи множење пари и нови придобивки.