Интензивниот животен ритам бара преголем напор
и беспрекорна организација. Оној релаксиран начин на живот од времето на нашите родители, се повеќе станува само сеќавање на едно убаво минато време, за кое за жал новите генерации само ќе слушаат од повозрасните. И кога првичната магија ќе почне полека да се губи потисната од секојдневните обврски, а времето што го поминувателе заедно да се претвора во непрекината низа задачи што ги извршувате хронично уморни и на работ на нервите. Како резултат, станувате нервозни, па расправиите со вашиот партнер стануваат почести.
И кога ќе се најдеме во еден таков вртлог, убаво е да подзапреме малку и да се свртиме кон себеси и да го испробаме правилото 3х3
Ова правило советува секој од партнерите треба да добие три часа во текот на неделата само за себе. Тие три часа може да се искористат одеднаш, но може и да се распределат, единствено важно е секој од партнерите да го помине тоа време сам, правејќи што сака.
Покрај тоа, парот треба да одвои дополнителни три часа што би биле само за нив како двојка. Може да биде излегување во град или половина час секоја вечер.
Обидете се да го примените ова правило барам еден месец за да ги согледате бенефитите. И сами ќе бидете изненадени колку работите можат да се променат. Сите незадоволства, ситните препирања и тензијата , сè едноставно исчезнува. А времето кое го поминувате заедно со партнерот- ќе добие на квалитет.