Од самата глетка ќе ви се заврти во главата, ќе ве здоболат нозете, но погледот… не постојат пари што можат да го купат!
Достоен е да се помачите, да чуствувате страв и трепет.
Само најхрабрите можат да одат по патеката на планината Хуа Шан, или Планината на смртта, како што уште се нарекува, и таа е толку опасна што мора постојано да бидете врзани за карпите за да не паднете.
Планината Хуашан е една од петте големи кинески планини и се смета за свето место уште од вториот век пред нашата ера.
Многу луѓе ги загубија своите животи на ова место, но тоа сè уште не ги спречува туристите од целиот свет да одат по „небесниот пат“ од скапани даски, сè до врвот на планината, каде што навистина можат да стигнат само најхрабрите.
Самата патека е долга околу 14 километри и ги поврзува јужната и северната страна на планината. Изградена е пред 700 години од свештеник по име Хи Жижен, кој зачукувал камени клинови во карпите и поставувал дрвени штици. На овој начин, тој сакал да ја искуси и зајакне својата вера. Денес, преминот е нешто побезбеден, затоа се поставени ланци покрај карпата, но тој сè уште не е доволно безбеден. Постојат гласини дека дури стотина луѓе годишно ги губат своите животи тука, но тоа не е официјално потврдено никаде. Исто така, се додава дека во 99 проценти од случаите, виновни се самите туристи кои или не носеле јажиња, или не се придржувале до другите правила.
Патеката се наоѓа на 2155 метри надморска височина, што е највисокиот дел од планината Хуа. Долга е околу 130 метри и се состои од три дела.
Според упатствата на персоналот, треба да го затегнете безбедносното јаже околу градите, а веќе во средниот дел, срцето сигурно ќе започне да ви чука посилно, бидејќи делот долг околу десет метри е многу стрмен, а вие ќе одите надолу држејќи се за метални ланци, преминувајќи преку метални шипки, сковани во пукнатините.
Туристите кои се пониски од 150 сантиметри, постари од 50 години или страдаат од срцеви заболувања, хипертензија, акрофобија и слично, не смеат да учествуваат во оваа активност.