Celebrity

Принцот Хари доби вистинска работа, тој веднаш стана шеф

Британскиот принц Хари прифати работа во компанија која се занимава со обука за живот и ментално здравје, BeterAp во Калифорнија.

Тој ќе учествува во иницијативи како што се одлуки за стратегија за доделување на доброволни прилози и ќе зборува јавно на теми поврзани со менталното здравје од областа на т.н. тренер за живот, објави Скај Њуз и според американските медиуми, тој веднаш добил водечка позиција.

На веб-страницата на организацијата, Хари е опишан како хуманитарец, воен ветеран, застапник за ментално здравје и екологист.

Како ко-основач на Архевел, тој е фокусиран на поттикнување на системски промени во сите заедници преку непрофитна работа, како и креативни активации, додава страницата.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган во јануари минатата година објавија дека ги напуштаат должностите на британското кралско семејство и се преселија преку Атлантикот за да започнат нов живот.

Напиши коментар