Celebrity

Пристигнува принова: Принцот Хари и Меган очекуваат уште едно дете

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, објавија дека го очекуваат своето второ дете.

Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане голем брат – изјави за „Здружението на печатот“ портпарол на парот. Арчи Маунтбатен-Виндзор, првото дете на двојката, во мај ќе наполни две години.

Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете, додаде портпаролот.

Тие тоа го објавија откако Меган минатата година изјави за медиумите дека абортирала.

Детето ќе биде десетто правнуче на кралицата Елизабета Втора.

Сепак, семејството не може да се види во моментот, имајќи предвид дека Хари и Меган се откажаа од своите кралски должности пред една година и се преселија во САД, а поради пандемијата, тие сè уште не можат да патуваат во Велика Британија, пренесува Задоволна (Хина) .

Напиши коментар