Популарниот, контроверзен јутубер PewDiePie е прогласен за човек со најубаво лице за 2020 година, според традиционалната листа на TC Candler и Независните критичари.
Два дена по католичкиот Божиќ, TC Candler ја објави листата на најубави лица за 2020 година, а ласкавата титула му припадна на триесет и едногодишниот Швеѓанец, Феликс Арвид Улф Кјелберг, попознат под прекарот PewDiePie.
Иако има многу следбеници и луѓето го обожаваат неговиот хумор, фановите се прилично изненадени – како што велат, тој отстапува од стандардните норми на убавина.
Својата реакција PewDiePie ја објави на youtube.
Во женска конкуренција, 19-годишната Јаел Шелбија се најде на врвот на списокот.