Free zone

Променете го изгледот за само 30 секунди

Можете да го промените изгледот за помалку време отколку што ви треба за да објавите фотографија на социјалните мрежи

Ова се мали трикови за убавина што ќе направат да се чувствувате попривлечни. И кога мислите дека нема спас за вас и дека е подобро да останете дома, еве што можете брзо да направите.

Веѓи од кои застанува здивот Можеби не сте размислувале за веѓите како за многу важен детал на лицето, но правилно обликуваните и полни веѓи ќе направат чуда за изгледот. Ако сакате да ги подобрите, нацртајте ги со молив за веѓи и направете ги подебели. Ефектот нема да изостане.

Нанесете кремасто руменило
Потребни се поголеми вештини за нанесување кремасто руменило на лицето отколку за верзијата во прав. Но, откако еднаш ќе ја усовршите неговата примена и ќе сакате да му дадете нов сјај на вашиот изглед за момент, ставете малку кремасто руменило на образите.

Извиткајте ги трепките Долгите и густи трепки ги истакнуваат очите и им даваат посебен шарм. За брз изглед, ова е одличен трик.

Нанесете хидрантен бронзер на телото Некои креми за сончање даваат убав сјај, но и малку боја, па затоа го истакнуваат тенот. Тие можат да бидат збогатени со шеа путер, кој ѝ дава на кожата природен изглед и прекрасен сјај.

Нанесете коректор За да ги отворите очите и да ги скриете темните кругови, потребен ви е само коректор на очните капаци, а по овој трик за убавина за еден момент ќе изгледате посвежо.

Направете лесен пилинг за усни Ако ставите сјај или кармин на испукани усни, ефектот може да биде многу лош, па дури и да изгледате малку постаро. Лесен и брз пилинг на усните ќе ги отстрани мртвите клетки, по што тие се подготвени да блеснат.

Напиши коментар