Верувале или не, но во нашите животи, секој успех или неуспех е директен одраз на нашите мисли и начин на живот, па ако ви се чини дека постојано не успевате, тоа значи само едно – сте дозволиле негативните мисли да го контролираат вашиот живот.
Ако сè уште не верувате дека вашите мисли имаат контрола над вашиот живот, треба да се обидете и да го видите спротивното. Обидете се да започнете секој ден со позитивни мисли, неколку дена, вежбајте развивање на позитивен став и ќе забележите како сè ќе започне да доаѓа на свое место сосема спонтано. Иако трансформацијата на мислите од негативна во позитивна е долга и понекогаш претставува исцрпувачки процес, сепак доведува до целосни животни промени. Затоа тоа е првата работа со која ќе започнеме во 2021 година, која може и мора да биде подобра.
Не сум доволно добар/ра
Досега многу пати ве саботираше несигурноста. Немате време да се сомневате во себе, ако сакате да создадете живот од соништата, затоа што вие сте единствениот херој на вашата сопствена приказна! Немојте да си кажувате дека не сте доволно добри, но пред секое ново искушение ветете си дека сте повеќе од големи и дека за вас нема невозможни и неостварливи цели!
Не можам!
Не поставувајте пречки и ограничувања за себе. Пред предизвиците, барајте решение, а не изговори, бидејќи невозможното не постои за вас! Се додека верувате дека не можете да направите нешто, тоа ќе биде единствената вистина што ќе ја знаете.
Јас сум несреќен/на
Другите имаат сè, баш сè што отсекогаш сте посакувале, а вие не можете да го имате, колку и да се трудите.
Кога ќе престанете да гледате во животите на другите луѓе и да страдате зарадити тоа и конечно да го вратите фокусот на сопствениот живот, може ќе забележите дека во него има простор за огромна работа врз себе, што ќе ве доведе до среќа и успех. Сè што ви треба е да бидете упорни, искрени и храбри и да се борите за вашите соништа без да гледате наназад на животот на другите луѓе.
Сосема е доволно овие три мисли да се претворат во тотално спротивни размислувања и да станете среќна личност во сопствените очи, која секогаш може да стори сé! Чекор по чекор, ќе започнете да размислувате за вашите можности, капацитети и начините на кои ќе постигнете сè што сакате. Кога првпат ќе сфатите колку сте вредни, никогаш повеќе нема да имате негативни мисли, а животот ќе ви стане незамисливо полесен.