After Midnight

Психолошко истражување: Ова е најчестата причина што доведува до распаѓање на љубовните врски и бракови

Многу студии по психологија се занимаваат со врски и бракови. Ели Финкел, професор по социјална психологија на Универзитетот Нортвестерн во САД, ги истражуваше современите врски. Дошол до заклучок дека повеќето бракови завршуваат со развод поради преголемите очекувања на партнерите.

  • „Главната промена што се случи во однос на минатиот век е дека луѓето сè почесто стапуваат во брак со очекување дека сопатниците ќе им помогнат да станат подобра верзија од себе, а тоа обично никогаш не се случува“ – напишал Финкел во својата книга.

Тој посочува дека партнерот не е оној што треба да не направи поцелосна личност. Потребно е да имате реални очекувања од партнерот за да бидете среќни во врската или бракот, но и со себе.

  • Размислете внимателно за тоа што очекувате од врската и обидете се да разберете дали тие очекувања се реални и остварливи. Зборувајте за сè и побарајте компромиси. Запомнете дека и вашиот партнер исто така има очекувања од бракот и од вас – вели овој научник.

Напиши коментар