Иако истражувањaта во последниве години понуди голем број објаснувања за големата разлика во возраста помеѓу партнерите, тешко е да се одговори на прашањето дали големата разлика во возраста помеѓу партнерите е предност или маана.
Кога станува збор за блиски врски, и мажите и жените претпочитаат некој што е барем приближно на нивна возраст, но тие се отворени и за оние кои се постари или помлади од нив. Социјалното неодобрување во врска со разликата во возраста помеѓу партнерите е сè уште присутно, но исто така зависи и од разликите во културата.
Имено, во некои западни земји просечната разлика во возраста помеѓу партнерите е многу поголема отколку во останатите земји. Но, што всушност значат годините во романтичните врски и дали од нив зависи успехот во врската? Откријте подолу!
Што велат истражувањата за разликата во возраста?
Истражувачите од областа на општествените науки со години ја истражувале важноста на разликата во возраста помеѓу партнерите. Иако нема недвосмислени резултати, некои сепак укажуваат на одредени заклучоци. Имено, широко распространетата студија на Универзитетот Емори испитуваше околу 3.000 неодамна венчани и разведени лица и покажа дека разликата во возраста помеѓу партнерите е поврзана со разводот.
Со други зборови, паровите чија разлика во годините е помала од пет години беа помалку склони кон развод отколку паровите чија разлика во возраста беше помеѓу 10 и 20 години. Сепак, ова е само една студија. Постојат и други студии, а една таква е англиската студија од 2008 година, која покажува дека не постои значајна врска помеѓу разликата во возраста и разводот. Разводот зависи не само од возраста, туку и од низа други фактори кои играат важна улога во успехот на врската помеѓу две лица.
Интересно истражување од 2017 година на Универзитетот во Колорадо покажува дека и мажите и жените кои ќе решат да стапат во брак се посреќни на почетокот, но наскоро доживуваат ненадеен пад на задоволството. Во споредба со нив, оние кои се одлучуваат за сопруги на слична возраст се постабилни во однос на среќата и исполнетоста, но и поотпорни кога се во прашање животните предизвици.
Разлика во возраста помеѓу партнерите – предности и недостатоци
И покрај сите наоди на бројните студии, постојат различни предности и недостатоци на големата разлика во возраста помеѓу партнерите. Факт е дека секогаш може да ве привлекува некој постар или помлад од вас кој сака сосема различни работи во животот за кои не можете да се согласите. Во тој случај, врската веројатно нема да опстане, но не заради возраста, туку заради различните животни цели.
Но, возраста не е секогаш индикатор за тоа што сака човекот. Можеби очекувате 25-годишник да сака забави и да патува, кога всушност тој сака да биде татко и да воспитува деца, додека 45-годишник смета дека не е подготвен за тоа и не може да се замисли себеси во улога на татко. Со други зборови, возраста понекогаш навистина не игра некоја значајна улога колку што имаат ставовите, желбите, вредностите и мислите на една индивидуа. Тоа, исто така, значи дека не треба да напуштите некоја личност со која одлично се согласувате, само заради тоа што постои голема разлика во годините помеѓу вас.