Дали знаете за „талентот“ да кажете нешто погрешно во најлошиот момент? Постои објаснување за ова меѓу ѕвездите и се нарекува ретрограден Меркур. Овој пат тој приоѓа брзо и удира силно. Во сабота, 30 јануари 2021 година, комуникациската планета Меркур ќе го започне својот ретрограден пат во знакот на Водолија.
Близнаци
Меркур е владејачката планета на Близнаците и секако влијае на вас. Само што овој пат не мора да биде толку турбулентно. Можеби немате толку многу проблеми во комуникацијата, но ќе имате потешкотии со целата слика за светот околу вас и за вашето место во него. Нема да можете јасно да ги видите поголемите цели и планови.
Обидете се да не се фокусирате многу во една тесна област, туку да ги прелистате вашите претходни верувања. Сега е време да одлучите што сакате да отфрлите, а со што да продолжите понатаму.
Рак
За Раковите, за време на ретроградниот Меркур, пристигнуваат и добри и не толку добри вести. Добрата вест е дека Меркур во својот ретрограден тек нема да влијае на вашиот материјален свет или дневна рутина.
Од друга страна, бидејќи овој пат дејството на Меркур е насочено навнатре, а не нанадвор, тоа може да ве доведе до емотивно истражување, полно со ранливост и потрага по внатрешна сила.
Бидејќи Раковите обично се движат чекор напред и три чекори назад, сега сите чекори што ги правите се наназад, особено не смеете да бидете тврдоглави во донесувањето важни одлуки и започнувањето нови проекти.
Риби
Овој пат, ретрограден Меркур ќе бара од вас да ја пронајдете вистината во слободното истражување на вашето внатрешно битие. Во моментот, можеби се борите со основните егзистенцијални чувства кои е тешко да се изразат со зборови. Ве турка во чувство на изолација.
Наместо да се обидувате да одолеете на чувството на осаменост, обидете се да ја разберете и прифатите вашата мистична страна.
Ова е вистинско време да ја почувствувате моќта на молитвата, медитацијата или малите ритуали кои ќе ви помогнат да ја разбудите позитивната енергија што ве опкружува.
Рибите ќе треба да бидат сами и мирно да размислуваат за своите следни чекори.